ОФИЦИЈАЛЕН ВЕБ САЈТ НА КИНО КЛУБОТ МАСТЕР ИНТЕРАКТИВ

 
Дома · Играни · Документарци · Експериментални · Музички · Едноминутни · Неофицијални · Членови · Историја

  Дома

 Добредојдовте

Почитувани посетители,
добредојдовте на новиот веб сајт на Кино клубот МАСТЕР Интерактив од Кратово. Сајтот е збогатен со нови содржини и можности кои Ви го претставуваат нашиот кино клуб многу одблизу. На сајтот сега ќе можете да ги погледнете нашите филмски дела, да ги коментирате и да ги оцените. Целата мапа на сајтот погледнете ја тука.

Воедно Ве охрабруваме сите ваши предлози и идеји да ги доставите на info@masterint.mk или да пратите порака тука. Ова важи и за оние кои сакаат да бидат наши членови, да се приклучат на нашиот клуб и да учествуваат како глумци, сценаристи, режисери... во филмски дела.

Уживајте во содржините кои Ви ги нудиме!

I like to make films because I like to go into another world,
I like to get lost in another world.
(David Lynch)

 Едубунту на ТВ

(02.08.2009) Едубунту на ТВ е проект на Министерството за информатичко општество во реализација на ФОН Универзитет и во соработка со повеќе копродукции и соработници.

Една од копродукциите е МАСТЕР Интерактив која учествува во проектот со повеќе свои членови а режисер на емисиите е Ѓорги Какашевски.

Станува збор за серијал од 40 емисии кои ќе се емитуваат на Македонската радио телевизија со почетокот на учебната 2009/10 година. Во емисиите е опфатен оперативниот систем Едубунту кој е инсталиран низ средните училишта во Р.М.

На официјалниот сајт www.edubuntu.mk ќе може да најдете повеќе информации и новости околу проектот.


 CC Лиценца

Нашите филмови досега беа заштитени за користење, копирање и дистрибуција. Со поставувањето на овој сајт овозможивме поголема слобода во нивното користење, регистрирајќи ги под CC лиценцата by-nc-sa 2.5 mk.

Сега можете:
  • Да ги споделите - да ги умножувате, дистрибуирате, јавно да ги прикажувате или јавно дигитално да ги прикажувате филмовите.
  • Да ги адаптирате филмовите.
Под следниве услови:
  • Наведи извор. Морате да го наведете изворот (www.masterint.mk) и авторот.
  • Некомерцијално. Не смеете да ги користите филмовите за комерцијални цели.
  • Сподели под исти услови. Ако го промените, трансформирате или адаптирате филмовите, можете да ги дистрибуирате добиените филмови само под иста или слична лиценца на оваа.
Линцата во целост може да ја погледнете тука.